Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје, 18-годишниот И.С. од Скопје,пријавил дека околу 14.45 часот во угостителски објект на ул. 1613 во Скопје, по претходна расправија бил физички нападнат од 19-годишниот Б.С.(19) од Скопје.
Неколку часа подоцна, околу 18 часот и 19-годишниот Б.С. го пријавил инцидентот во скопската полиција. Според него, во 14.45 часот во угостителски објект на ул.1613 во Скопје поради претходна расправија со И.С. вработен во објектотот, бил физички нападнат од сопственикот на објектот Ц.М.(31). Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.