Челзи со два гола во последните минути го победи Арсенал во дербито на Лондон, одиграно на „Емирати” стадион.
Двете екипи си разменија по едно полувреме, откако „топџиите” беа многу подобри до паузата и го преземаа водството, но потоа противникот ги притисна и со головите по 80-тата минута дојдоа до многу вредна победа, со што го згорчија дебито Микел Артета на домашен терен.
Така, „сините” собраа 35 поени и останаа на 4 место. „Топџиите” имаат 24, а нивните шанси за пласман во зоната која води во ЛШ следната сезона се чини дека се само теоретски.