На линијата што ја дели Украина и областа што ја контролираат руските бунтовници денеска почна првата размена на затвореници во последните две години, соопшти денеска народниот правобранител на областа Доњецк Дарија Морозова.
Таа рече дека размената се врши на линијата на раздвојување Горловка – Мајорскоја, меѓу Украина и регионот Доњецк.
Морозова објасни дека затворениците прво се упатуваат во таканаречената сива зона, територијата меѓу позициите на страните во конфликтот, каде ќе чекаат да заврши постапката за размена.
Според неа, регионите на Доњецк и Луганск се подготвени на Киев да му предадат 55 затвоеници, а очекуваат другата страна да предаде 87.