На 29.12.2019 во 00,23 часот во СВР Скопје од доктор од Итна медицинска помош било пријавено дека при интервенција на повик на ул.„Никола Парапунов“ за укажување на лекарска помош на Л.Т(68) од Скопје, кога екипата на ИМП се обидела да ја пренесе во комплекс клиники „Мајка Тереза“ лифтот во зградата се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата, a пациентката Л.Т починала.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.