Манчестер јунајтед ќе се обиде да го привлече плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен на слободен трансфер во летото 2020 година.
Според информациите од британското издание на „Телеграф”, можно е тимот да се обиде да потпише прелиминарен договор со Данецот.
Познато е дека неговиот договор со „петлите” е до крајот на сезоната и во моментов тој бара нов и подобрен договор.
Вчера се шпекулираше дека тој може да се искористи и како дел од обидот на лондонскиот тим за привлекување на Герет Бејл од Реал Мадрид.
Самиот Ериксен сè уште не објави какви преференции има тој за иднината и во кој клуб сака да игра.