Едно лице обвинето за недозволена трговија со кокаин

Обвинетиот 37-годишник, на 4 декември во својот дом во село Глумово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6.3 грама. Дрогата била одземена при претрес на домот од страна на овластени службени лица.

Со оглед на тоа што и натаму постои опасност обвинетиот, доколку биде пуштен да се брани од слобода, да го повтори кривичното дело или да избега, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор.

Треба да знаете
Последни објави