Кривична пријава заработија четворица малолетници од Струмица, од кои двајца на возраст од 13 и по еден од 15 и 12 години, поради разбојништво.
„На 12 декември, на влезната врата од црквата ‘Св.Кирил и Методиј’ во Струмица, пријавените физички го нападнале Н. П., кој продавал свеќи, по што влегле внатре и одзеле пари од кутијата за донации“, соопшти МВР во дневниот билтен.