Модната дизајнерка и поранешна спајсица Викторија Бекам (45), наводно, се наоѓа во голема финансиска криза. Поранешна британска музичарка морала да го отпушти приватниот возач, откако нејзината модна линија претрпела загуба од 12,3 милиони фунти.
Покрај возачот, се верува дека Бекам била принудена да отпушти неколку клучни вработени бидејќи нејзината модна империја се бори со долгови. Исто така, Викторија ја откажала испораката на цвеќе за нејзината главна продавница која се наоѓа во Хамерсмит, во срцето на Лондон, затоа што редовното снабдување со цвеќе нарачано од дизајнерката се смета за целосно непотребен трошок.
„Повеќе нема возач, Викторија сега сама се вози или нарачува такси. Таа е борец и сигурно нема да дозволи нејзината модна империја да се распадне без борба“, изјави близок пријател на Викторија, додавајќи дека ја поддржуваат многу модни дизајнери затоа што им е многу драга.
Наводно, нејзиниот сопруг и пензиониран фудбалер, Дејвид Бекам (44), не сакал да ѝ помогне. Тие се заедно веќе 20 години, минаа низ многу скандали, афери и кризи.