Повеќе градови во Словенија ги откажаа новогодишните огномети

Со цел да се спречи загадувањето на воздухот и да се зголеми општата безбедност поголемиот број словенечки градови ги откажаа традиционалните новогодишни огномети, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Од поголемите градови први на ваков чекор се решија Марибор и Целје, а локалните власти најавија дека точно на полноќ, наместо огномет ќе има аудио и видео перформанси. Други градови пак најавија дека огнометот ќе го заменат со био-разградливи конфети.

Дополнително, некои градови и општини комплетно ги забранија пиротехничките средства со цел да се не се загадува воздухот, да се зголеми безбедноста и да не се вознемируваат животните.

Треба да знаете
Последни објави