Поради сообраќајна незгода во Сарај автубусите број 2 и 32 не одат до своите последни дестинации

Поради сообраќајна незгода во Сарај, кај ресторанот Ореов лад, возилата на линиите 2 и 32 ќе сообраќаат до бензинската пумпа во Ѓорче Петров, додека возилата од линиите 12 П, 56, 56А, 60 и 160 ќе сообраќаат по автопат до своите крајни постојки, односно нема да можат да се движат низ населеното место Сарај.

Возилата ќе бидат пренасочени се додека не се создадат услови за непречено движење на редовната траса.

Треба да знаете
Последни објави