Поставени се два нови, „лежечки полицајци“ на улицата „Орце Николов“

Поставени се два нови, „лежечки полицајци“ на улицата „Орце Николов“, пред основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, во урбаната заедница Карпош 1. Станува збор за еден обичен и еден интелигентен „лежечки полицаец“, кои имаат за цел да ја забават брзината на движење на моторните возила и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во изминатиот период, ваков тип на сигнализација беше поставен пред повеќе основни училишта во Карпош: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Братство“, „Димо Хаџи Димов“ и „Вера Циривири Трена“.

Исто така, новите решенија кај „Млечен“ и во Карпош 4 со кои се регулира сообраќајниот режим на движење, имаат за цел да ја зголемат безбедноста на пешаците и да го намалат сообраќајниот метеж.

Треба да знаете
Последни објави