СДСМ: Ги зголемуваме пензиите за 700 денари, повисоки пензии за над 320.000 пензионери

Се грижиме за оние кои ја креирале основата на нашата држава и кои го трасирале патот на младите!

Усвоени се законските измени со кои веќе од јануарската пензија над 320.000 пензионери добиваат пензија повисока за 700 денари, што е најголемо зголемување на пензиите во последните 20 години.

Исто така, со законското усогласување, пензиите ќе пораснат за дополнителни 160 и 200 денари, што значи дека секој пензионер ќе има повисока пензија за околу 900 денари.

Со новото покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година, просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари.

Овие покачувања на пензиите покажуваат дека пензионерите во 2020та година ќе имаат повисоки пензии за вкупно 10.800 денари на годишно ниво, а споредбено од пред јуни 2017та година пензионерите во 2020та ќе имаат во просек поголеми пензии за 20.952 денари на годишно ниво.

Овие покачувања на пензиите не се преку задолжувања како што тоа го правеше претходната власт туку се производ на домаќинското работење на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ и мерките кои ги презема Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Го враќаме достоинството на граѓаните и граѓанките кои се во третото доба и тоа го правиме согласно дадените ветувања од декември 2016.

Нашите највозрасни сограѓани и сограѓанки заслужуваат да ги поминат пензионерските години со дигнитет и со мерки кои им го олеснуваат животот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните и граѓанките.

На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април!

Треба да знаете
Последни објави