Сменето обвинението за убиството на Оливер Ивановиќ, судењето одложено

Подготвителното рочиште за судењето на обвинетите за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ е одложено за во февруари поради измени во обвинителниот акт во кои осомничените и нивните бранители немале увид, пренесува РТС.

Судијата Ваљон Куртај посочи на почетокот на денешната расправа дека обвинителот во петокот приложил ново обвинение со извесни промени.

„Во петокот ни беше доставен изменет обвинителен акт, но напишан е само на албански јазик и немаше можност да биде преведен на српски. Поради преведувањето, го одлагаме рочиштето за 11 февруари во 10 часот”, рече Куртај.

И пред денешното рочиште, од Граѓанската иницијатива СДП имаа замерки и забелешки на самиот обвинителен акт и на евентуалното судење.

Потпретседателката на иницијативата, Ксенија Божовиќ, рече дека само е потврдено она што го зборувале од првиот ден на истрагата, дека е непрофесионална исто како и обвиниението и дека целата постапка е фарса.

„Нервозата кај судијата, непрофесионалното преведување и никаквиот одговор од Обвинителството покажуваат колку непрофесионална е оваа институција. Ги повикувам меѓународните претставници кои работеа на формирањето на овие институции да дојдат и да се позанимаваат малку со нивната работа и на лице место да ги следат ваквите судења“, изјави Божовиќ.

Обвинение е покренато против полицајците Недељко Спасојевиќа, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ, како и против началникот на полицискиот Оддел за крвни деликти во Косово, Раде Басар и против Силвана Арсовиќ, секретарка во партијата на Оливер Ивановиќ.

Обвинението е покренато за повеќе кривични дела како учество и организирање криминална група, злоупотреба на службената позиција, помош во извршување кривично дело тешко убиство, откривање службена тајна и манипулација со докази.

Треба да знаете
Последни објави