Дерби натпреаврот од регионалната кошаркарска АБА лига меѓу минатогодишните финалистити Будуќност и Црвена звезда не се одигра вечерва во Подгорица. Тимот на Црвена звезда не допатува во Црна Гора поради тензичната политичка ситуација во оваа сезона.
Раководството на „црвено-белите“ сметаа дека постои безбедносен ризик да се игра мечот во Подгорица, па поради тоа се одлучиле да не патуваат на овој натпреавр туку да бараат одлагање. Во Подгорица домаќините и службените лица се појавија во салата „Морача“. Баскетото беше потфрлен и набрзо потоа судиите означија крај на натпреварот, што значи дека Ц. звезда ќе го загуби со службен резултат 20:0 и ќе се соочи со дополнителни казни.
За дополнителните казни допрва ќе се разговара и ќе се соопштат со тоа што во правилникот јасно стои дека при автоматски пораз, дисциплинскиот судија или директор може да изрече парична казна од 15 или 150 илјади евра.