Дејан Кулушевски ќе потпише за „Јувентус”

Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски е блиску до трансфер во редовите на  италијанскиот фудбалски шампион Јувентус.

Според пишувањата на италјанските медиуми, Кулушевски се договорил да потпише петгодишен договор. Аталанта ќе добие обесштетување од 35 милиони евра плус 10 за бонуси, а Дејан ќе има годишна плата од 2 милиони евра. Сезонава, Кулушевски игра за Парма и со голови и асистенции се истакна како еден од најдобрите млади фудбалери во Европа.

Интер најмногу инсистираше за Кулушевски, но најверојатно ќе ја загуби битката со Јувентус. „Старата дама” би го оставила Кулушевски во Парма до крајот на сезонава, а потоа од јули би ги користеле неговите услуги во црно-белиот дрес. 

Треба да знаете
Последни објави