Најмалку 14 лица се повредени, од кои тројца потешко, во денешната експлозија на пиротехнички средства за време на одбележувањето на традиционалниот празник на елката во каталонскиот град Сентељес во Шпанија. Три лица, кои добиле тешки изгореници, се префрлени во болница.
Како што пренесе „Мундо“, на местото на несреќата пристигнале 12 амбулантни возила, како и пожарникарски екипи.
Прославата на фестивалот е прекината.