Апелациониот суд во петокот му ја одбила жалбата на Миле Јанакиевски , со која бараше да му биде укинат домашниот притвор, потврдуваат од скопска Апелација. Куќниот притвор на Јанакиески му е определен за случајот Шпански скали, истрага која е завршена и Обвинирелството за гонење на организиран кривимал и корупција до скопскиот Кривичен суд поднесе обвинение, објави Алсат.
Покрај Јанакиески во Шпански скали обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастар, против нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени. Според обвинителството тие предизвикале штета на Буџетот од 2,64 милиони евра.
Обвинителството наведе дека за 8 години, првоообвинетиот заедно со петмина административци, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, а не наплатиле договорна казна, овозможувајќи купувачите да се стекнат со противправна имотна корист, наведе предтходно ОЈО.