Овогодишниот Божиќ не ѝ донесе многу радост на тајванската пејачка текстописец Чер Чен.
Таа беше фотографирана и снимена како јавно се бакнува со маж за кој подоцна било откриено дека е женет иако наводно живее одвоено од сопругата.
Тајванскиот неделник China Times Weekly објави видеоснимка на кое се гледа дека пејачката се однесува интимно со непознат маж на улиците на Тајпеј, а снимката била направена неколку дена пред Божиќ.
Тие се прегнувале и бакнувале, а подоцна биле забележани како излегуваат од автомбилот на мажот.
Компанијата што ја менаџира Чен, одговарајќи во име на 44-годишната кантавторка, соопшти дека безрезервно ѝ се извинува на сопругата и дека повеќе не е во контакт со него. Таа, наводно, го запознала неодамна и не знаела дека е во брак.
Но, како што пренесува AsiaOne, сопругата е бесна и најавила дека ќе поднесе тужба против Чен по три основи, од кои едната е прељуба.
Ако гледаат на поведрата страна од сето ова, подобро е двете да дознаат за него сега отколку подоцна, пишува порталот.