ВМРО-ДПМНЕ: Три години земјоделието оди во погрешен правец

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

„СДСМ нема еден успешен проект во земјоделието. Зелена нафта нема. Нема 20.000 евра за младите земјоделци. Нема редовна исплата на субвенции.

Зелената нафта со која се фалеа, заврши со доделување на ваучери од 500 денари на 50 од 100 илјади земјоделци, пари со кои не можат да стават нафта да да отидат до бензинска, а за друго не станува збор. Проектот млад земјоделец е целосно утнат. Ниту еден апликант не е исплатен.

Субвенциите доцнат уште од 2017 година.

Откуп нема, а кога го има цените се ниски.

За тоа дали земјоделието е во добра состојба или не, говорат искинатите патики на земјоделците и родот на буништата.

Доколку блескавме немаше да се сечат родни дрва и да се фрлаат земјоделски производи на буниште. Три години земјоделието оди во погрешен правец. На лошите политики им доаѓа крајот. По 12 април следува обнова на Македонија.“

Треба да знаете
Последни објави