Почитувани граѓани и сограѓани, оставаме зад нас уште една година како 18 други, без напредок и реализација. Уште една година помина на штета на граѓаните за лична и партиска добивка, уште една година помина без никаков профит.
Многу е тешко да се зборува за годините упропастени од оваа власт преточена во олигархија која ја зароби државата и ја злоупотребува власта. Оставамезад нас уште една година со многу скандали, корупција, селективна правда, висока невработеност, прегазени медиуми и луѓе без надеж за добар ден.
Време е 2020 година да не ја обележи нашата земја на последните места на ранг листовитеза добри работи, а на првите места за лоши работи.
Нека имаме добар почеток во 2020 година. Нека оваа нова година донесе нов дух во земјата, оваа година нека биде година на надеж и промени. Промени што ќе ги донесеме сите заедно, со работа и можност да го победиме сето зло.
Среќна Нова година, нека биде оваагодина, година на светлина, живот и надеж!