Поранешниот американски потпретседател Џозеф Бајден драстично ја смени својата позиција за прашањето да даде или не свои видувања и докази за време на импичментот во Сенатот против претседателот Доналд Трамп, јави „Вол Стрит Џорнал”.
На средбите со избирачите од државата Ајова тој кажа дека „ќе ги искористи сите барања за да ги даде своите сознанија”
Весникот потсетува дека пред неколку дена, на средба во истата држава со уредниците на весникот „Тhe Des Moines Register” Бајден изјави дека нема да се потчини на Сенатот во давањето сознанија во рамката на импичментот. Тој појасни дека неговата согласност за таквите сознанија на Трамп ќе му овозможи да го одвлече вниманието на јавноста од импичментот и да ја приврши самата процедура против Бајден. Веднаш потоа поранешниот потпретседател беше критикуван од неговата соперничка Елизабет Ворен. Сенаторката од државата Масачусетс, исто така, се бори за номинацијата на Демократската партија за нејзин претседателски кандидат.