– Централниот дефанзивец на Арсенал, Давид Луис го поддржа Микел Артета. Во интервју за „Скај Спортс”, Бразилецот рече дека Артета ќе биде еден од најдобрите тренери во светот.
– За мене лично, Артета ќе биде еден од најдобрите тренери во светот. Луѓето се сомневаат, но јас верувам во неговата филозофија и начинот на кој тој го гледа фудбалот. Тој е паметен, рече дефанзивецот.
Микел Артета сè уште ја чека својата прва победа во Арсенал. По преземањето на „топџиите”, Шпанецот стигна до нерешено против Борнемут 1:1 и загуби од Челзи со 1:2.
Утре лондонскиот тим се соочува со Манчестер Јунајтед.