Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Стефано Пиоли изјави дека е оптимист по привлекувањето на Златан Ибрахимовиќ и верува дека шведскиот ветеран ќе игра клучна улога во тимот на напролет.
– Ибрахимовиќ може да стори сé на теренот. Тој ќе инспирира доверба во своите соиграчи. Тој ќе биде вистински лидер. Разговаравме по телефон и почувствував колку е мотивиран тој. Тој ме праша за тимот, за тренинзите, за сè. Тој ми рече дека е во добра физичка форма и дека не може да дочека да ни се придружи. Јас сум исто така полн со позитивни очекувања за нашата тимска работа, рече Пиоли.
Официјалната презентација на Ибра ќе се одржи на 3 јануари. Еден ден порано, 38-годишниот Швеѓанец ќе помине медицински тестови.
Златан потпиша договор до лето, со опција да го продолжи за уште една година. Тој веќе играше за „росонерите” помеѓу 2010 и 2012 година, откако стана шампион и го освои Суперкупот на Италија.
Тој постигна вкупно 56 гола на 85 натпревари.