Најмалку две лица настрадаа денеска во пожарите што беснеат во две од најнаселените држави во Австралија.
Речиси 4.000 жители на градот Мелекута на југоистокот на земјата, во државата Викторија, утрово бегаа кон водата додека силниот ветер го носеше пожарот кон нивните домови, пренесе агенцијата АП.
Огромна површина земјиште е изгорено во целата земја во последните месеци, 12 лица загинаа и повеќе од илјадници домови се уништени.
Повеќе од 100 пожари горат во државата Нов Јужен Велс.
Комесарот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс, Шејн Фиксимонс, изјави дека оваа сезона е рекордно најлоша досега и создала мрачна долгорочна слика.
„Видовме невообичаено однесување на пожарите“, рече тој додавајќи дека она што им е потребно е дожд, кој засега не се очекува.
Кризата поврзана со пожарите предизвика дебата за тоа дали владата на премиерот Скот Морисон презела доволно мерки во врска со климатските промени.