Кејти Прајс се заблагодари за поддршката на фановите позирајќи во када

Британската старлета и реалити ѕвезда Кејти Прајс (41) уште еднаш позираше гола на социјалните медиуми. Овој пат, таа седна во када со чаша шампањ, што ги израдува нејзините два милиони следбеници на „Инстаграм“.

„Јас славам во стил во оваа прекрасна бања, имајќи го потребното време само за себе. Сакам да им се заблагодарам на сите верни обожаватели кои беа со мене во текот на тешката година. Ве ценам сите и се радувам на возбудливиот и свеж почеток на 2020 година“, напиша старлетата.

Таа навистина имаше тешка година, што го потврди и судот кој неодамна прогласи нејзин банкрот затоа што има заостанати долгови.

Треба да знаете
Последни објави