Руските и украинските компании потпишаа финален петгодишен договор со кој гарантираат дека транзитот на руски гас за Европа ќе минува низ Украина, соопштија руската државна компанија „Газпром” и украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Британските медиуми пренесуваат дека договорот е потпишан само 24 часа пред истекот на претходниот договор за транзит на руски гас.
Британските медиуми додаваат дека договорот е постигнат по петдневни тешки преговори на двете страни и по состанокот на Зеленски со рускиот претседател Владимир Путин, претходно овој месец.
-По пет дена непрекинати билатарални разговори во Виена, донесена е конечната одлука и постигнат е конечен договор, соопшти генералниот директор на „Газпром”, Алексеј Милер/
Зеленски изрази задоволство од постигнатиот договор, додавајќи дека договорот со Русија може да биде продолжен за дополнителни 10 години.
-Европа знае дека нема да застанеме кога е во прашање енергетската безбедност, порача Зеленски на Фејсбук, додавајќи дека Украина од петгодишниот договор ќе има добивка од најмалку седум милијарди американски долари.