Од ноќеска на полноќ горивата поскапеа за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на бензинот еуросупер БС-95 е зголемена за 1 денар на 68,5 денари за литар.
Цените на бензинотеуросупер БС-98, на еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемени за половина денар. Со тоа, новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,5 денари за литар, на дизелот 63 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.
Мазутот поскапува за 0,904 ден ари на 38,243 денари за килограм.