Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис телефонски разговарал со министерот за поморство Јанис Плакиотакис за вооружениот напад на грчкиот танкер и киднапираните Грци во Камерун, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис, од надлежниот министер побара да се направат сите неопходни активности од грчка страна за случајот да заврши без проблеми.
Како што утрово објави МИА, во Камерун бил извршен вооружен напад врз грчки танкер, биле киднапирани осум од 28те членови на екипажот. Петмина од киднапираните се грчки државјани, двајца се Филипинци, а еден е од Украина. Еден од киднапираните Грци бил повреден, веројатно од огнено оружје.