Трамп лут: Иран оркестрира напад на американската амбасада во Ирак

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран оркестирал напад на американската амабасада во Ирак и дека за тоа ќе се смета за одговорен.

„Иран уби американски бизнисмен, а рани многумина. Ние силно реагиравме и секогаш ќе правиме тоа. Сега Иран оркестрира напад на американската амбасада во Ирак. Тие ќе бидат целосно одговорни“ напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека очекува од Ирак да испрати свои безбедносни сили и да ја заштити амбасадата.

Илјадници демонстранти денеска упаднаа во амбасадата на САД во Багдад, уривајќи ја вратата и палејќи три приколку пред амбасадата. Претходно амбасадорот на САД и персоналот беа евакуирани од објектот.

Треба да знаете
Последни објави