Десетици гневни ирачки приврзаници на шиитите влегоа во американската амбасада во Багдад кршејќи ја вратата. Според сведоци, употребен е солзавец и се слушнале истрели од огнено оружје.
Според најновите информации, припадниците на обезбедувањето во американската амбасада во Багдад употребиле шок-бомби врз демонстрантите пред влезот во зградата на амбасадата.
Агенцијата АП известува дека има пожар во амбасадата, како и дека најмалку тројца американски војници се на покривот на зградата.
Според „Ројтерс“, се слушнале четири гласни експлозии.
Засега не се познати причините за пожарот, но се наведува дека маж стои пред зградата и со помош на мегафон извикува да не се влегува во неа и дека е испратена порака.
#Breaking: Just in – Reports that #Hezbollah supporters are burning the back wall outside the #US embassy in #Baghdad's green zone in #Iraq, and are willing to storm inside the building to destroy everything inside. pic.twitter.com/LbFpURqTjX
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) December 31, 2019
Двајца полицајци се повредени по фрлањето бомби во обид обезбедувањето да ги присили демонстрантите да се разотидат, изјавил сведок за „Ројтерс“.
Претходно, неколку илјади луѓе се собраа пред амбасадата за да го искажат своето незадоволство од американските воздушни напади во кои загинаа 25 шиитски војници.
Толпата викаше „Долу САД“ и „Смрт за САД“ и фрлаше пластични шишиња и камења врз амбасадата.
Некои учесници носат воени униформи и поставуваат шатори пред американското претставништво.
Во меѓувреме, амбасадорот на САД и службениците од амбасадата се евакуирани од зградата откако протестот ескалира.