Голем пожар денеска изби на градилиштето на новиот мост во Џенова.
Новиот мост се гради наместо мостот Моранди, кој се урна во средината на август 2018 година, при што загинаа 43 лица.
Како што јави италијанската новинска агенција АНСА, најверојатно пожарот избил кога искра од брусилица го запали дрвеното скеле и огнот зафати и еден од столбовите на мостот во изградба.
Пожарот беше ставен под контрола по еден час, а ниту еден од работниците не е повреден.