Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска испрати апел до граѓаните за време на новогодишната ноќ да бидат свесни за ризиците кои претстојат, да не прославуваат со пиротехнички средства, без оружје и да не конзумираат алкохол доколку управуваат со моторно возило.
-Јас посакувам и апелирам до граѓаните навистина да бидеме свесни за сите ризици кои што претстојат пред нас. Да славиме и прославуваме, меѓутоа тоа да не биде со пиротехнички средства, да не биде со оружје, да не се користи алкохол а притоа да се управува со моторни возила, сите заедно да си допринесеме да имаме една достоинствена прослава без никакви последици како што имавме минатата година, рече министерот на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
Спасовски додаде дека полицијата во многу наврати ја докажала својата подготвеност, истакнувајќи дека со соочила со најголемите предизвици од областа на безбедноста и фудбалскиот клуб, одржувањето и посетата на папата, организацијата на изборите…
-Несомнено станува збор за добро подготвена полиција. Полицијата е тука за да одговори на секој предизвик, и ќе бидат платени толку колку што дозволува Законот.