– Преодниот министер за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг ќе оставне на истата функција и во новата Влада на мандатарот Себастијан Курц. Оваа вест ја потврдија и од „Зелената Партија”, јави дописникот на МИА.
Лидерот на Народната Партија на Австрија и старо-нов премиер Курц, е задоволен од работата на Шаленберг, а тоа е главната причина зошто ќе остане на истата фунцкија и во новиот владин состав. Станува збор за професионален дипломат, со повеќе од 20 години кариера. Тој е роден во Берн, а во својата кариера на служба бил во Индија, Шпанија и Франција.
Инаку, тој важи и за многу силен и гласен поддржувач на проширувањето на Европската Унија. Беше еден од главните политичари кои силно се залагаа уште на есенскиот состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел, Северна Македонија и Албанија да добијат конкретен датум за почеток на преговорите.



