Меѓу 60.000 посетители кој вчера Новата година ја пречекаа на скопскиот плоштад беа и скопските градоначалници заедно со семејствата. Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски, Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски, Градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски, и Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски. Тие за 24-Инфо им посакаа на граѓаните, среќна и бериќетна година исполнета со многу весели моменти како вчера на преполниот плоштад.



