Потребни се штрајкови насекаде, вели Филипе Мартинез првиот човек на францускиот синдикат ЦЖТ

Генералниот секретар на ЦЖТ, Филипе Мартинез, рано изутринава на на БФМТВ изјави дека „потребни се штрајкови насекаде” за да се има тежина во конфликтот околу пензиските реформи,при што  „сигналот мора да биде силен”, јави дописникот на МИА.

Лидерот на синдикатот исто така најави дека ќе преговара со премиерот  почнувајќи од 7 јануари.

-Ние ќе одиме на сите состаноци, рече тој, истовремено појаснувајќи дека движењето може да добие на интензитет со враќањето од новогодишните и божиќните празници в понеделник, 6 јануари.

-Од понеделник, повикуваме на општи состаноци и повторно да разговараме за мобилизација, соопшти лидерот на ЦЖТ.

Филип Мартинез рече дека „се согласил да се дискутира за макотрпноста” која треба да виде земена во предви за заминувањето во пензија, но забележал дека „ако се зголеми возраста за пензија, дури и оние што работат напорно, ќе заминат подоцна”.

После новогодишната порака на Емануел Макрон, тој конечно верува дека претседателот е „затворен во неговиот меур, кој смета дека сè е добро во земјата”.

Емануел Макрон ја потврди својата решеност за „спроведување на пензиската реформа”, а притоа ја повика владата да „најде брз компромис”, бидејќи штрајкот влегува во 28-от ден на првиот ден од Новата година. Движењето останува поддржано од мнозинството Французи (51%), според последната анкета објавена на 29 декември во Журнал ди диманш.

Треба да знаете
Последни објави