Апликација за запознавање ја блокираше Шерон Стоун, корисниците не верувале дека е таа

Шерон Стоун била избришана од апликацијата за запознавање Bumble, откако неколку корисници обвиниле дека нејзиниот профил е лажен.

Актерката номинирана за Оскар, во неделата вечерта на својот Твитер објави дека нејзиниот акаунт е затворен.

„Бамбл“ се разликува од другите апликации за запознавање со тоа што жената мора да иницира контакт со испраќање на првата порака.

Актерката се приклучи на апликацијата што им овозможува на жените корисници да го остварат првиот контакт со мажи корисници во хетеросексуални врски – но нејзиниот профил бил отстранет откако било објавено дека е лажен.

Шерон откри дека некои корисници не верувале дека таа би користела ваква апликација и заради тоа го пријавиле профилот како фејк. Таа на својот Твитер ги замоли Бамбл да ѝ го возобноват акаунтот: „Влегов на сајтот на Бамбл но мојот акаунт беше затворен. Некои корисници обвиниле дека тоа не може да бидам јас. „Дали сум јас исклучок? Немојте да ме исклучувате од кошницата!“

Шерон исто така ја сподели пораката со која ја известуваат дека e блокирана.

 

„Вие сте блокирани. Се залагаме за безбеден Бамбл, што значи дека мора да спроведеме одредени правила кога ќе се прекршат нашите вредности. Вашата сметка е блокирана затоа што добивме неколку известувања дека вашиот профил е лажен. ”

Се чини дека Шерон се предомислила за нова врска, бидејќи минатата година инсистираше дека повеќе не се надева дека ќе најде партнер.

Актерката призна дека поминала многу години надевајќи се дека еден ден повеќе нема да биде самохран родител на своите посвоени синови –  19-годишниот Роан, 14-годишниот Лард и 13-годишниот Квин – но сега не ѝ смета што останува сингл и  верува дека така е подобро за нејзиното потомство.

Стоун (61) беше во брак двапати – со телевизискиот продуцент Мајкл Гринбург три години од 1984 година и со Фил Бронстајн, извршен уредник на „Сан Франциско Хроникл“, од 1998 до 2003 година.

 

Треба да знаете
Последни објави