Кралската двојка посака среќна 2020 година со нова фотографија на Арчи

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) покажаа нова фотографија со нивниот син Арчи, која се најде во компилацијата на нивните девет најзначајни моменти во 2019 година. Фотографиите беа објавени со песната „Clocks“ на „Колдплеј“.

Фотографијата на која е прикажан принцот Хари како стои покрај езерото, најверојатно е снимена во нивното божиќно престојувалиште во Канада на островот Ванкувер, пренесува „Дејли мејл“. Арчи има капа на главата и е облечен во кафеава јакна и чизми од овча кожа, кои се подарок од австралискиот гувернер Питер Косгров.

„Беше прекрасно да се запознаеме со многумина од вас низ целиот свет и одвај чекаме да запознаеме уште повеќе луѓе следната година. Се надеваме дека 2020 година ќе донесе здравје и среќа на секој од вас“, напишаа Меган и Хари со објавата на социјалната мрежа.

Хари и Меган го поминаа првиот Божиќ со малиот Арчи во дворец вреден повеќе од 14 милиони долари. Тие ќе уживаат дури шест недели на одмор далеку од Лондон. Меган живееше седум години во Канада.

Треба да знаете
Последни објави