Почина свршеникот обвинет за смртта на ќерката на Витни Хјустон

Ник Гордон, кој беше осуден на смрт поради убиството на неговата девојка Боби Кристина Браун, ќерка на Витни Хјустон, е пронајден мртов. Оваа информација ја потврди неговиот адвокат, кој не сакал да открие како починал неговиот клиент.

„И покрај сите искушенија со кои Ник се бореше во последните години, искрено можам да кажам дека тој многу се трудеше да остане со крената глава и трезен“, рече адвокатот на Ник Гордон.

Боби Кристина почина во јули 2015 година на 22-годишна возраст. Ќерката на Витни Хјустон испила токсичен пијалак што ѝ го направил Ник Гордон. Боби Кристина ја загубила свеста, а Ник потоа ѝ ја ставил главата во када со ладна вода, што довело до оштетување на нејзиниот мозок.

Обдукција потврди дека Боби Кристина пред нејзината смрт консумирала алкохол, марихуана и кокаин. Во 2016 година, Ник Гордон беше осуден во ноември 2016 година за да плати казна од 36 милиони долари на семејството на Кристина.

Според тужбата, Ник Гордон ѝ викал на Боби Кристина бидејќи бил љубоморен, купувал кокаин и пиел алкохол.

Треба да знаете
Последни објави