Артета не размислува за трансфер на Обамејанг

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е заинтересиран да направи некои трансфери во наредните недели.

– Ќе се обидеме да бидеме активни на пазарот за да видиме опции што можат да го зајакнат тимот. Тоа е сигурно, и наша должност е и ние ќе работиме на тоа. Моја е должност да дадам свое мислење за работите што можеме да ги направиме. Очигледно имаме тешки повреди, како онаа на Чемберс пред неколку дена. Тоа ќе ги промени нашите планови во одбраната, но реалноста во моментот е дека нема да можеме да направиме многу, рече Микел Артета.

Гранит Џака треба да замине во јануари, но Артета истакна дека го гледа швајцарскиот репрезентативец како клучна фигура за неговиот тим.

– Имав разговор со него и сакав да ги разберам неговите чувства. Прво, сакав да го разберам неговото расудување во врска со тоа зошто тој смета дека Арсенал можеби не е вистинското место за него. И му дадов мислење, моја гледна точка и му реков дека сум подготвен да го поддржам од клупска гледна точка и сакав соиграчите да му помогнат да се предомисли. Ние имаме потреба од него. Верувам дека ако можеме да го сториме тоа, навивачите ќе одговорат позитивно. Не мислам ниту на опција Обамејанг да го напушти клубот, додаде шпанскиот тренер.

Треба да знаете
Последни објави