Полицијата во Париз со солзавец ги протера демонстрантите од седиштето на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кои и натаму протестираат против неговиот предлог за пензиски реформи.
Лидерот на партијата Републиката напред, Станислав Гуерини го осуди настанот што на Твитер го опиша како „обид за упад на радикализираните демонстранти” во канцелариите на партијата.
Полицијата не потврди што точно се случило во седиштето на партијата. За време на непријавените протести уапсени се три лица.
Макрон во телевизиското новогодишно обраќање до нацијата рече дека очекува од премиерот Едуар Филип да најде компромис со синдикатите и групите работодавачи кои тоа го сакаат, кога станува збор за пензиската реформа.
Au centre bus #RATP de Belliard ce matin à 5h, bcp de soutiens aux grévistes, étudiants, cheminots, profs, GJ… Face aux violences policières, le collègue machiniste se met en droit de retrait ! ✊🏼
Et on ira jusqu'au RETRAIT !! 🔥🔥#Retraites #GreveGenerale #greve2janvier pic.twitter.com/XiFgKUbvLF— Laura Varlet (@Laura_Varlet17) January 2, 2020
Шефот на еден од најсилните синдикати ЦГТ, Филипе Мартинез пред два дена го повика „францускиот народ да се мобилизира и да протестира”.
Протестите, кои денеска се 29. по ред, се најдолите во земјата од 1968 година.