(Видео) Скандал во Полска: Ученици изведоа перформанс за убивањето со гас во Аушвиц

Учениците од основно училиште во источниот полски град Лабуни го грозија светот изведувајќи шокантен перформанс на кој се прикажани ужасните смртни случаи во концентрацискиот логор во Аушвиц, пренесува „Њузвик Полска“.

На претставата присуствувал локалниот градоначалник, кој потоа одржал говор за детската должност да го заштитат „латинското христијанство“ од  „предавниците“ и „опасностите“ со кои се соочува современиот Запад.

Видеото објавено од Тигодник Замојски ги покажува учениците од основното училиште кои носат нацистичка униформа од озлогласените СС-единици со ленти со свастика околу раката, додека други, кои носеле затворска во сива боја, се струполуваат на подот со чад што ги обвиткува – претставувајќи ги убиствата во гасните комори.

Во исто време, една од гостите, Полјачка чии родители биле убиени во концентрацискиот логор, им рекла на децата по претставата дека нивната земја заслужува обесштетување од Германија.

Перформансот се одржал во чест на децата на Замоск, по кои е именувано училиштето – илјадници млади од полскиот регион биле депортирани и убиени од нацистите за време на Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави