Воениот синдикат покрена тужба против министерот за одбрана Вулун

Воениот синдикат на Србија (ВСС) денеска објави  дека го тужи министерот за одбрана Александар Вулин затоа што „на крајот на 2019 година нелегално и спротивно на меѓународното право, донел решение со кое го одбива барањето на Воениот синдикат за признавање на репрезентативноста кај работодавачот”.

Во изјавата потпишана од претседателот на тој синдикат, Нинослав Свиленгаѓин, се наведува  дека „оваа одлука е донесена од Вулин само со намера да спречи и попречува работење на најголемиот и единствен синдикат во српските вооружени сили што ги исполнува условите за репрезентативност”.

– Апелираме до претседателот на Републиката и Владата на Србија да ги разгледуваат штетите што им ги прави министерот за одбрана Александар Вулин со дилетантско, насилно и криминално однесување на дневна основа и конечно да ја преиспитаат неговата деструктивна улога и одговорност за катастрофалната состојба во нашата војска. Егзибиционизмот на Вулин и штетно управување директно ја поткопуваат борбената подготвеност на српските вооружени сили, се истакнува во соопштението.

Како што јави Бета, од ВСС исто така нагласуваат дека министерот за одбрана „незаконски, еднострано и без знаење на Синдикатот како страна во постапката, донесе решение со кое го поништи решението за утврдување на репрезентативноста на српскиот синдикат во 2015 година”.

Во изјавата се истакнува дека „на сите во Армијата и на српската јавност им е јасно денес дека Вулин не работи во интерес на Армијата и српските војници чиишто повеќе од пет илјади ја напуштија армијата во неговиот мандат”.

Треба да знаете
Последни објави