Гутереш длабоко загрижен од најавите на Пјонгјанг за нови нуклеарни и ракетни тестови

– Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази „длабока загриженост” поради тоа што Северна Кореја најави дека може да продолжи со нуклеарни и ракетни тестови.

-Генералниот секретар се надева дека пробите нема да продолжат во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност. Неширењето останува столб на глобалната нуклеарна безбедност и мора да се зачува, рече портпаролот Стефан Дижарик.

Тој истакна дека дипломатскиот ангажман е единствениот пат кон одржлив мир.

Треба да знаете
Последни објави