Курц и Зелените постигнаа компромис за нова австриска Влада

Конзервативците од ОВП на Себастијан Курц и Зелените постигнаа коалициски договор: Курц повторно ќе биде австриски канцелар.
Дојче Веле денеска објави дека Зелените за првпат ќе влезат во Сојузната австриска Влада.
Коалицискиот договор го потврдија и двете партии -Народната партија на Австрија (ОВП) и партијат ана Зелените.

Себастијан Курц , кој ја предводи ОВП, партијата на десниот центар, треба повторно да стане канцелар. А Зелените за првпат ќе учествуваат во работата на Сојузната влада.

Коалицискиот договор мора да го одобри Конгресот на зелените, што ќе се одржи во сабота.

Едно од изненадувањата во плановите за министерства е воспоставувањето на Министерство за интеграција.

Ова министерство ќе го преземе Сузане Раб (35), блиска соработничка на Курц, како досегашна шефица на одделот за интеграции во Министерството за надворешни работи и која важи за приврзаничка на цврстиот курс во политиката. Оваа правничка, а психиолог по образование, учествуваше во формулирањето на австрискиот закон за ислам, како и тој за забрана на бурката.

Зелените добиле „супер министерство” кое ги обединува прашањата за животната средина, транспортот, инфраструктурата, енергијата, технологијата и иновациите. Планирано е ова министерство да го предводи Леоноре Гевеслер (43) која беше на чело на еколошката невладина органзиација „Глобал 2000″ се додека Вернер Кеглер, лидерот на Зелените, не ја убеди да се кандидира за Зелените на изборите во септември.

На чело на Министерството за одбрана за првпат треба да застане жена: Клаудија Танер, која досега беше директорка на Здружението на земјоделци во покраината Долна Австрија. Поранешниот генерален секретар Карл Нехамер ќе биде министер за внатрешни работи, а шеф на дипломатијата ќе биде Александар Шаленберг, единствен член на сегашната преодна влада од експерти.

Следен министер за финансии веројатно ќе биде поранешниот министер, филозофот Гернот Блумел. Тој претходно беше задолжен за европската политика, позиција која сега ќе ја преземе поранешната судијка Каролин Едштадлер, сегашната лидерка на делегацијата на ОВП во Европскиот парламент.

Засега не е познато кој ресор ќе го преземе идниот вицеканцелар и лидер на Зелените Вернер Коглер.

Иако не се знае кој ќе го преземе и прашањето за жените во работата на владата, отсега е јасно дека оваа конзервативно-зелена влада ќе биде прва во која жените ќе имаат мнозинство. Покрај тоа, таа ќе биде и исклучително млада влада. Шестмина од потенцијалните членови на кабинетот на Курц имаат помалку од 40 години, а петмина други се помлади од 50 години.

Австрија уште од 27 мај 2019 година има преодна влада, што ја предводи канцеларката Бригите Бирлајн.

Треба да знаете
Последни објави