Моника го опиша пеколот со Берберот од Малча: Ми правеше грозни работи

Полицијата се уште трага по Нинослав Јовановиќ, познат како Берберот од Малча, кој пред 12 дена ја грабна 12 годишната Моника Каримановиќ, која беше ослободена деветиот ден од потрагата по повеќекратниот силувач и педофил.
Како што пренсуваат српските медиуми, Моника детално опишала како монструмот ја пресретнал на пат кон училиште на улица во Брзи Брод.

– Додека одев на училиште тој го запре автомобилот покрај мене и ми рече дека залутал зашто дел од патот е затворен поради изградба. Ми рече дека добил работа во училиштето како домар. Ме замоли да влезам во автомобилот за да му покажам како да стигне до училиштето бидејќи и тој одеше таму. Меѓутоа, штом влегов во автомобилот тој не одвезе на гробиштата и ме однесе во шумата, им рекла Моника на полицајците.

Монструмот потоа ја фрлил во импровизирано засолниште каде што малку ѝ ја скратил косата по што почнала психичката и физичка тортура.

– Тој ме измачуваше, ми се закануваше … Ме тераше да печашам пет или шест часа секој ден и ме шишаше, малку по малку, ми правеше грозни работи. Тој постојано ми велеше дека полицајците не го бркале само него, туку и мене и дека и двајцата ќе нè убијат ако не фатат, рече Моника.

Колку Јовановиќ иго „испрал“ мозокот на девојчето за време на 10-дневната тортура потврдува и фактот дека таа се исплашила од полициските службеници кои ја спасиле. Кога ги видела, таа во паника рекла: „Не ме тепајте, ве молам. Јавете се на мајка ми“.

Мајката на девојчето рече дека Монија спиела цел ден кога дошла дома и дека не сакала да ја оптеретува со прашањата што ѝ се случило, но дека е добра и нормално комуницира со лекарите.

Повеќе од 600 полицајци ут трагаат по Јовановиќ, а на подрачјето околу Књажевац и Ниш откриени се дури 12 локации на кои монструмот скрил храна и вода.

Треба да знаете
Последни објави