Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање е новиот предлог за прв човек во МВР

ВМРО-ДПМНЕ како предлог за министер за внатрешни работи го кандидира Наке Чулев, долгогодишен професионалец во областа на безбедноста дел од Агенција за разузнавање.

Наќе Чулев е дипломиран криминалист со постдипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.

Наќе Чулев има богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.

Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија. Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.

Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.

Наќе Чулев е долгогодишен професионалец и одличен познавач на безбедносните прашања и ново лице во политиката.

Работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е и редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.

Во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители. Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара Турција од 2003та до 2007ма година.

Треба да знаете
Последни објави