Рекордно топол ден во Норвешка

Во западна Норвешка денес се измерени 19 степени, што е највисока температура од јануари, 25 степени над просекот за овој период од годината.

Рекордната температура била измерена во селото Сундалсора, каде луѓето шетале во маици и апостолки наместо во јакни и џемпери.

„Во овој период од годината, луѓето традиционално одат на скијање, а денес одат на плажи“, изјави градоначалничката на Раума, Ивон Волд, откако ја искористила летната температура за да се капе во морето, објави Би-Би-Си.

Денешните 19 степени е највисоката температура досега измерена низ Скандинавија во трите зимски месеци – декември, јануари и февруари.

Треба да знаете
Последни објави