Турција одлучи: Испраќа војска во Либија

Турскиот Парламент денеска го одобри Законот за испраќање турски сили во Либија, јави ДПА.

Пратениците ја одобрија иницијативата која има за цел Турција да и помогне на меѓународно признатата влада во Триполи, која е поддржана од САД, во борбите против силите на генералот Калиф Хафтер, кои, пак, веќе неколку месеци спроведуваат офанзива за заземање на либиската престолнина.

Вонредната седница на турскиот Парламент за предлогот беше свикана и покрај загриженоста на јавноста дека едногодишното разместување на турските сили во Либија може дополнително да го влоши конфликтот и да ја загрози стабилноста во регионот, пренесоа американските медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатиот месец изјави дека претседателот на меѓународно признатата влада на Либија, Фајез Сарај, му побарал помош од турски сили, по потпишувањето на договорот со кој на Анкара и се дозволува да распореди воени експерти и персонал во оваа земја.

Спогодбата, како и таа за морските граници меѓу двете земји, предизвика бес во регионот и пошироко.

Борбите меѓу меѓународно признатата влада и силите на генералот Хафтер, кој владее со истокот на земјата, почнаа по соборувањето на долгодишниот либиски претседател полковникот Моамер ел Гадафи.

Треба да знаете
Последни објави