Цената на досегашните војни на САД – Авганистан над 910 милијарди долари

САД се најголемата воена сила во светот, со годишен буџет од 649 милијарди американски долари, а војната во Авганистан ја чинеше земјата над 910 милијарди долари. Таа војна, над 18 години, траеше толку долго што некои војници кои се подготвуваа да се борат во неа, дури и не се родија кога започна. Списанието „Тајм” ја нарече „Американска вечна војна”.

Втората светска војна најмногу ги оштети САД кога беа изгубени 4,69 билиони американски долари, што е повеќе отколку кога ќе ги додадеме бројките од сите други војни што државата ги водеше, според сајтот „How much”, кој ги споредил сите војни што ги воделе САД , од Американската револуција до денес.

Војната во Авганистан е на третото место на списокот во однос на потрошените пари, но таа е најдолга бидејќи трае веќе 18 години и нема индиции кога ќе заврши.

Како што покажува ова истражување, војната го чинела американскиот народ над 8,6 билиони долари, не сметајќи за ненадоместливи човечки жртви.

Тоа е еквивалентно на повеќе од една третина од целиот државен долг на САД (22,8 билиони долари), или за двојно повеќе од БДП на Јапонија (4,6 билиони долари).

Војната во Ирак чинела 1,01 билион долари, Виетнам 843,63 милијарди долари, Корејската војна 398,81 милијарди долари.

Првата светска војна ги чинеше САД 381,8 милијарди американски долари, Заливската војна 116,6 милијарди долари, Американската граѓанска војна 68,17 милијарди американски долари, Граѓанската војна 22,99 милијарди долари и Шпанско-американската војна 10,33 милијарди долари.

Зголемувањето на воениот буџет најмногу се должи на цената на сложените системи за вооружување, како што е борбениот авион Ф-35 Лајтнинг, кој на американската војска и донесе трошок од билион долари.

Треба да знаете
Последни објави