Џастин Бибер во серија документарци на Јутјуб

Тинејџерскиот идол Џастин Бибер се отвора за својот креативен и личен живот во документарен филм од 10 дела непосредно пред очекуваниот камбек во кариерата кој следува по три години пауза.

Јутјуб во вторникот објави дека документарната серија на Бибер – Justin Bieber: Seasons – ќе започне на видео платформата на 27 јануари.

Докуменатрецот ја хронизира изработката на првиот албум на канадскиот пејач, а  на фановите им дава увид во неговиот приватен живот со новата сопруга, манекенката Хејли Болдвин, и другите членови на семејството.

Бибер, кој прв пат стекна слава на Јутјуб во 2007 како 13-годишник со бебешко лице, нагло се повлече од својата светска турнеја „Purpose“ во 2017 година, наведувајќи ја потребата за одмор.

Во изминатата година, тој напиша низа постови на Инстаграм за своите 124 милиони следбеници, говорејќи за својата борба со депресијата, злоупотребата на дрога и славата. Тој наведува дека религијата и сопругата се заслужни за неговото закрепнување.

„Можеби откако ќе го видат филмот, луѓето ќе го видат неговиот свет“, вели сопругата Болдвин во трејлерот за документарната серија објавен во вторникот.

 

Треба да знаете
Последни објави